За Геровски тврдењата на Османи дека „Бугарија веќе нема да може да поставува услови“ се глупав спин

од Вести365.МК Ј.Р.

Каков глупав спин!, реагира новинарот Бранко Героски за тврдењата на министерот за надворешни работи Бујар Осамни дека „Бугарија нема да може да ни поставува нови услови“.

И според Преговарачката рамка, владата на СДСМ и на ДУИ преговара за сите прашања што Бугарија ѝ ги наметнува на Македонија од времето на Тодор Живков до денес.
Нема прашање за кое не се преговара. За тоа постои и таа т.н. Историска комисија, се водеа и допрва ќе се водат билатерални преговори меѓу владите во Скопје и Софија, се ветуваа проекти, дури и заживеа и една блесава авионска линија наспроти економската логика….
Какви услови уште треба да ни наметне Бугарија? А јунакот Бујар тоа ќе го спречел?
Дајте бре не глумете патриоти и големи дипломати.
Не сте ни едното ни другото!, им порача Героски.

Слични објави