Советот на Општина Ростуше Маврово одлучи во периодот од 1 јули до 31 август за време на викендите и државните празници околу Мавровското Езеро да се забрани движењето на тешка механизација за извршување градежни работи, на багери, камиони, бетоњерки…
Забраната важи за време на викендите од 16 часот во петок до 8 часот во понеделник.
Против иницијативата на советникот на ВМРО-ДПМНЕ Ристо Попоски беше раководителот на секторот за урбанизам во општината Садредин Елезоски кој ги убедувал советниците дека Маврово треба да се гради. Сепак, мнозинството од советниците (10) ја поддржаа оваа иницијатива.