Заразени со салмонела 13 деца до 2 години во градинката Корчагин, се утврдува потеклото на заразата

Тринаесет деца до две години во детската градинка „Корчагин“ имаат наод на салмонела, се чекаат уште резултати, а градинката деновиве е под строг надзор и со посебни мерки, објави Телма.

Првиот случај е регистриран пред една недела. Потоа се појавиле и другите случаи. Симптомите присутни кај децата биле дијареја и покачена телесна температура.

Но, засега не е констатирано од каде е потеклото на заразата.

Децата се со потврден наод, а негувателите биле негативни. Здравствени работници од Центарот за јавно здравје направиле увид и земале микробиолошки примероци.

Во написот се додава дека санитарни инспектори веќе ја посетиле градинката и издадени се повеќе мерки.

Иако од страна на ЦЈЗ-Скопје веќе е направен увид, ниту една од насоките до менаџментот не гласи да се повикаат и инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство, брифираат од градинката.

Според Телма до АХВ не пристигнала ниту претставка.

Слични објави