Во текот на вчерашниот ден во Прилеп е опожарен приватниот автомобил на основната јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство Прилеп Марјана Илиеска. Веднаш по настанот извршен е увид на лице место, велат од одвинителството.
Како што додаваат обезбедени се траги и докази и се преземаат дејствија за откривање на сторител на кривичното дело.
Според Обвинителство, според првичните сознанија, за сега непознати сторители насилно влегле во гаражата во која бил паркиран автомобилот, го полеале со запалливо средство и го запалиле, предизвикувајќи материјална штета.
Јавното обвинителство и Здружението на јавни обвинители силно го осудуваат ваквиот напад и обид за заплашување на раководител на основно јавно обвинителство со проширена надлежност.