Забрането пушење трева во Црвениот кварт во Амстердам, казната е доста „солена“

од Вести365.МК Ј.Р.

ДЕНЕС стапи на сила забраната за пушење марихуана на улиците на Црвениот кварт во Амстердам, како дел од напорите на првиот градоначалник на градот, Фемке Халсема, да го „исчисти“ тоа градско подрачје. Предупредувачките знаци се поставени во областа прекрстена со канали, позната по борделите, секс клубовите и кафулињата каде што се продава и консумира марихуана.

Казна – 100 евра
Квартот привлекува милиони туристи секоја година, но настаните во него го нарушуваат нормалниот живот на локалните жители. Лицата фатени како ја прекршуваат забраната ризикуваат казна од 100 евра.

Градоначалничката Халсема вети дека ќе ги подобри работните и животните услови за сексуалните работници и ќе го намали криминалот и прекумерната употреба на дрога и алкохол во областа. Во тек се дискусии за преместување на сексуалните услуги и нарко-туризмот надвор од центарот на градот, но на тоа се противат жителите на локациите кои се предложени како алтернативи.

На терасите се уште е дозволено пушење
Во Црвениот кварт и во другите делови на Амстердам, сепак ќе биде дозволено пушење на терасите и во кафулињата во кои се продава марихуана и хашиш. Познато е дека холандските власти толерираат лична употреба на мали количини марихуана.

Слични објави