Директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ Драган Илиевски издал наредба дека вработените не смеат да даваат никакви информации од претпријатието, во спротивно ќе сносат последици, пренесе САКАМДАКАЖАМ.МК повикувајќи се на наредбата, до која дошле како доказ, а која била испратена до сите вработени на 26 јуни, а на неа стои потпис на в. д. директорот Илиевски.
„Со оваа наредба се задолжуваат сите вработени во претпријатието дека на трети лица кои не се вработени не смее да им даваат податоци кои содржат лични податоци, документи, договори за вработување или други правни акти. Доколку истите се побарани од членови на Управен или Надзорен одбор на претпријатието, единствено лице кое може да ги достави на увид е директорот на претпријатието или лице овластено од него. Непочитувањето на оваа наредба повлекува одговорност заради кршење на работниот ред и дисциплина и неисполнување на работните обврски“, стои во наредбата од в. д. директорот Илиевски.
Целиот текст може да го го прочитате на следниот линк.