Американскиот заменик-помошник државен секретар, Габриел Ескобар во интервју за 360 степени најави дека ќе има нови имиња од Македонија на црната листа на САД.
-Дозволете ми само да кажам дека оваа администрација, администрацијата на Бајден, е посветена на борбата против корупцијата. Бидејќи корупцијата толку ги нагризува општествата. Не можеме да дадеме најава на санкции, но бидете сигурни дека ќе ги има – рече Ескобар.
Тој вели дека за целиот регион, корупцијата е огромен проблем, и е срќен што пристапниот процес кон ЕУ му дава централно место на владеењето на правото како услов за влез.