Цените на помалите модели на електрични возила ќе паднат до средината на деценијата и ќе бидат конкурентни на автомобилите со мотори со внатрешно согорување во Европа и Северна Америка, соопшти Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).
Значи, најмногу бензински, бидејќи дизел моторите кај малите автомобили се ретки, а ќе станат уште поретки. За поголемите автомобили како SUV и пикап камионите, паритетот на цените ќе дојде подоцна, веројатно во следната деценија.
Се очекува глобалната продажба на електрични возила оваа година да се зголеми за 35 проценти во однос на претходната, на вкупно 14 милиони, објави оваа меѓународна организација со седиште во Париз.
Ова ќе претставува 18 отсто од пазарот на нови патнички автомобили, во споредба со само 4 отсто во 2020 година.
Кина веќе забележа пониски цени за некои помали електрични модели во споредба со нивните бензински еквиваленти.