Експлозија во близина на Бакингемската палата, еве ги деталите

од Вести365.МК Ј.Р.

Британските медиуми јавуваат дека пред Бакингемската палата се случила експлозија, по што еден маж е уапсен. Во дворот на палатата, пред кралската заштита, фрлил чаури за сачмарка.

Се се случило околу 19 часот по Обединетото Кралство.

Засега нема детали за пукањето или повредени.

Од полицијата потврдија дека сомнителните предмети ќе бидат предадени на дополнителна истрага.

Мажот е уапсен под сомнение дека со себе имал оружје.

Новинарот Ден Вутон на Твитер објави дека кралот Чарлс бил во палатата во тоа време.

Инцидентот се случил четири дена пред крунисувањето на кралот Чарлс. Полицијата се уште е на местото на настанот.

Слични објави