Грчкиот тим, Олимпијакос, со победа ја започна четвртфиналната серија на домашен терен против Фенербахче со резултат 79-68 во регуларниот дел од Евролигата. Клучна за победата на атињаните беше третата четвртина, во која раликата стана двоцифрена. Саша Везенков беше најефикасен кај Олимпијакос со 19 поени.

Каталонскиот тим, Барселона, го нагости тимот на Жалгирис Каунас и убедливо го победи во првиот меч од серијата со резултат 91-69 на домашен терен. Во првото полувреме, Барселона имаше водство од 17 поени разлика (48-31), а во вториот дел Жалгирис малку ја зацврсти играта во одбраната, но и офанзивно се претставија во малку подобро светло. Најефикасни играчи кај победничката екипа беа Санли со 17 и Миротиќ со 15 поени.