Еве кој кога оди ВО ПЕНЗИЈА ВО ЕВРОПА

Во Франција проблемот со пензиската реформа  која ја тресе Европа е што повеќето луѓе мислат дека иако реформите се неопходни, сега не е вистинското време за тоа бидејќи стандардот на живеење е веќе загрозен од глобалната криза и пандемијата.

Французите генерално имаат подолг животен век, па просечниот француски пензионер во пензија поминува 21,5 години, додека жените околу 25,4 години.

Францускиот претседател Емануел Макрон сака да спроведе реформа со која ќе се оди во пензија на 64 наместо на 62, како што беше случајот досега

Во Македонија мажите одат во пензија на 64 години, а жените на 62. Еве како е во другите европски земји.

Број на години за пензионирање во Европа:

Германија – 65 години и 10 месеци, од 2031 година границата се поместува на 67,

Австрија – мажи 65, жени 60, до 2033 година оваа разлика ќе е израмнета,

Белгија – сите 65, од 2025 ќе одат од 66, а од 2030 на дури 67.

Бугарија – мажи 64 и 5 месеци, а жени 61 и 10 месеци, до 2030 година разликата ќе се намали на 65

Летонија – на 64 и 3 месеци, од 2025 година сите на 65 години,

Кипар, Унгарија, Словенија, Лихтенштајн, Луксембург, Шпанија – 65,

Естонија – 64 години и 3 месеци, се оди на 65 од 2026 година,

Финска – денес со 64, од 2027 година со 65,

Литванија – мажи на 64 години и 4 месеци, а жени на 63 и 8 месеци, од 2026 година сите на 65 години,

Малта – оние родени пред 1962 година се пензионираат на 64 години, а помладите на 65 години,

Хрватска – мажи на 65 години и жени на 63 години,

Данска – 67, со дури 69 до 2035 година,

Грција – од 62 до 67 години,

Романија – мажи на 65 години и жени на 61 година и 9 месеци, кои постепено ќе се зголемуваат на 63 години до 2030 година,

Ирска и Велика Британија – сите на 66,

Исланд и Италија – сите на 67,

Португалија – целосна пензија се стекнува на 66 години и 7 месеци возраст,

Холандија – сите на 67 од јануари следната година,

Полска – жените се пензионираат на 60, а мажите на 65 години,

Словачка – од 62 години и 10 месеци до 64,

Швајцарија – 65 за мажи и 64 за жени.

Во Србија 65 години за мажи и нешто повеќе од 63 години за жени.

Слични објави