Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Дневните температури ќе се движат од 30 до 38 Целзиусови степени.
И сабота времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а од недела во попладневните часови ќе има услови за појава на локален пороен дожд со грмежи.