Авионот, наводно на компанијата „Флајдубаи“, се запалил по полетувањето од аеродромот во Катманду во Непал и се обидува да се врати на истиот аеродром.
Ова го објави агенцијата АНИ, повикувајќи се на неименувани извори.
Според неофицијални информации, во авионот има 150 патници и членови на екипажот.