Додека сите зборуваат за Израел, Русите создадоа вистински пекол во Украина во изминатите 24 часа

Руските сили бомбардирале повеќе од сто локации во Украина во изминатите 24 часа, што е најголем број во еден напад од почетокот на годината.

„Во последните 24 часа непријателот гранатираше 118 локации во десет региони“, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко.

„Ова е најголем број на градови и села кои претрпеле напад од почетокот на годината“, се додава во соопштението на социјалните мрежи.

Од започнувањето на офанзивата во февруари 2022 година, руските сили истрелаа милиони артилериски гранати врз украинските градови и села во близина на линијата на фронтот.

Слични објави