ОВЕН
Стрес и ментален притисок. Тие околу вас влијаат на вашето расположение. Обидете се да бидете пооптимисти за она што се случува. Размислете пред да дејствувате. Можете да ја изненадите личноста за која се грижите со вашата страсна изведба…но и со љубомора.
БИК
Ќе успеете да решите сомнеж или проблем со колега. Оптоварени сте со голем број обврски и може да го запоставите или заборавите договореното. Не оставајте лош впечаток на луѓето со кои работите. Планирате да го изненадите вашиот емотивен партнер.
БЛИЗНАЦИ
Многу работи ве одвлекуваат од работата, а тоа не треба да го дозволите. Почвата е отворена за грешки кои можат да доведат до лоша комуникација со другите. Нема потреба да се откажувате од обидот да воспоставите посилна врска со некој што ви се допаѓа.
РАК
Мора да ставите крај на некои непријатни ситуации. Не оправдувајте се со други обврски, бидејќи ако го пролонгирате ова, само ќе ви создаде уште поголем товар, а можеби и проблеми. Расправијата со емотивниот партнер можете да ја завршите на поубав, помирен начин.
ЛАВ
Се наоѓате во одличен период, а овој ден е особено добар за почеток на деловни работи од исклучително значење. Не двоумете се во секое време. Совршен ден и за емотивни контакти, приказната лесно тече. Активирајте се кон личноста која ви се допаѓа.
ДЕВИЦА
Се задржувате со вашите ставови или оддалеченоста од деловните настани. Протокот на информации е забавен, мора да бидете поактивни за да поставувате прашања кои ви се важни. Не дозволувајте работите да останат недоречени меѓу вас и вашата сакана личност.
ВАГА
Бидете иницијатор. Нема причини да одолговлекувате или да бегате од одредени ситуации. Во емотивниот дел не смеете да го занемарите тоа што сте го ветиле на партнерот, бидејќи тој смета на вас. Обидете се денес повеќе да работите на комуникација со него.
СКОРПИЈА
Ги криете вашите вистински намери и цели. На другите ќе им биде многу тешко да ве читаат, само внимавајте да не се „излагате“ во некои детали и ситници. Има нешто што го криете од вашиот емотивен партнер, што и да е, обидете се да му верувате.
СТРЕЛЕЦ
Потребна ви е услуга од пријател или колега. Можете да го добиете, но не смеете да ги криете вистинските причини, бидете искрени и отворени. Време е да му покажете на вашата сакана повеќе разбирање за некои прашања. Премногу сте затворени за покажување емоции.
ЈАРЕЦ
Постои некаква форма на договор со важен соработник или претпоставен. Ветувањата дадени денес се силни и ви носат самодоверба и решителност. Емоционално сте слаби.
ВОДОЛИЈА
Во последен момент успевате да постигнете нешто што сте го планирале, откако ќе се борите со околностите кои постојано ве сопнуваат. Ќе бидете презадоволни од себе и тоа добро расположение ќе го пренесете и на контактите со пријателите, но и со емотивниот партнер.
РИБИ
Завршете некоја обврска или работа што ја имате денес. Одложувањето може да ви донесе само проблеми, затоа вклучете се особено во вториот дел од денот кога енергијата ви е на повисоко ниво. Лесно ќе решите помал проблем поврзан со емотивниот партнер.