ОВЕН
Денес нема да можете да постигнете ништо што сте планирале. Ситуациите ќе се појават сами сосема неочекувано и единственото нешто што можете да направите е да ги решите работите во од. Некој близок ќе ве изнервира со своите постапки.
БИК
Ви се брза да ја завршите деловната зделка, но ми се чини дека допрва ќе треба да ја чекате реализацијата. Се надевате дека ќе добиете важни вести, но информациите никогаш не стигнуваат до вас. Ако малку се опуштите во врската со саканата личност, можете да имате убави и страсни моменти.
БЛИЗНАЦИ
Пред вас е ден со многу обврски и кратки рокови за завршување. Само вие знаете како ќе испеглате се што е пред вас. Можеби сте навредиле пријател или личност што ви се допаѓа со вашите изјави. Обидете се да го поправите ова.
РАК
Непријатна комуникација со деловен соработник. Можеби сте загрижени за тоа како тоа ќе влијае на вашата врска понатаму, но немате никаква причина за тоа. Сè ќе си дојде на свое место побрзо отколку што мислите. Малку подобра комуникација со емотивниот партнер.
ЛАВ
Не сте сигурни колку некои луѓе се на ваша страна. Можеби некој навистина ви се договара зад грб, но можно е и малку да претерате со некои работи. Дајте време за да се расчисти ситуацијата. Интензивно размислување за личност која е зафатена.
ДЕВИЦА
Од сите страни ви пристигнуваат информации и веќе не сте сигурни што е вистина, а што не. Исто така, може да се изгубите во деловните обврски, па би било добро да направите план за работа. Саканата личност „те убива“ со една иста приказна.
ВАГА
Се надевавте дека ќе добиете работа или проект и можно е да не бидете задоволни од тоа како се одвиваат работите во моментов. Не избрзувајте со заклучоци, има уште шанса за вас. Многу сте емотивно расположени, нежни, романтични, но и расположени за страст.
СКОРПИЈА
Можеби ќе има некои интересни зделки, но мислам дека не е она што го очекувавте. Можно е заработката да биде мала во споредба со времето што сте го вложиле. Совршено време за приказна со саканата личност. Можеби е вистинско време да ја вратите вашата врска во помирни води.
СТРЕЛЕЦ
И покрај тоа што сте излегле од тешки ситуации со соработниците, сепак постои незадоволство од актуелните случувања. Во овој момент не сте подготвени да попуштите под притисокот на другите луѓе. Неопходно е вие и вашата сакана да седнете и отворено да разговарате за проблемите.
ЈАРЕЦ
Иако денот ви носи многу стрес и гужва, сепак ќе успеете да го постигнете планираното. Овој период може да ви донесе почеток на поважна деловна соработка. Малку понервозни односи во семејството, брачната средина. Сепак, работите може лесно да се поправат.
ВОДОЛИЈА
Ситуациите со колегите или соработниците сè уште ви „бодат очи“ и тешко се контролирате. Би сакале отворено да кажете се што имате, но не сте сигурни дали ова е вистинско време за такво нешто. Добро е што знаете како да ја повлечете рачната сопирачка сега. Применете го ова и на вашите емотивни односи.
РИБИ
Неочекувано ќе се отвори деловна можност и мора да бидете подготвени да дејствувате. Вистина е дека оваа работа би ви одземала многу време, но финансиската придобивка би била доста добра. Ви треба повеќе релаксација и одмор. Ако ви се придружи некој близок – одлично