ОВЕН
Малку напорен ден за вас кога е работата во прашање. И покрај вашата посветеност и напор, некои ситуации е едноставно невозможно да се решат. Емотивниот партнер малку ве нервира со неговите барања. Подобро функционирате во контакт со пријателите.
БИК
Денеска ќе имате проблем да се усогласите со колегите. И вие и тие ќе бидете расеани – нема да можете целосно да се поврзете и разберете. Свесни сте дека претерувате со некои ваши барања кога станува збор за саканата личност.
БЛИЗНАЦИ
Денеска нема да можете да избегнете критики доколку само ги одложите обврските. Обидете се да се организирате подобро и да се концентрирате на она што го правите. Во врска со саканата личност – размислете пред да ја повредите со вашите зборови.
РАК
Премногу сте критични, па оние околу вас ќе имаат проблем да се сложуваат со вас. Размислете што вие лично правите погрешно, не барајте само туѓи грешки. Премолчувате некои важни работи за кои сте нервозни.
ЛАВ
Денес ќе мора да бидете поприлагодливи, што ќе биде доста тешко. Имено, вие сте свесни за вашите вредности, можеби и премногу, а вашето его е во преден план, па прашање е дали ќе бидете подготвени за компромис. Покажете му на вашиот партнер понежната страна на вашата личност.
ДЕВИЦА
Иако обврските, проблемите и сомнежите ве притискаат, вие доста добро се „држите“ и успевате да го испочитувате она на што сте се заложиле. Денес можете да оставите многу добар впечаток на личност која штотуку ја запознавте, или која ви се допаѓа.
ВАГА
Треба да се грижите за грешките што сте ги направиле. Се плашите дека тоа може да излезе на виделина, а дополнително ве мачат информациите кои мислите дека се однесуваат на вас. Денеска немате желба да „водите љубов“, па ќе бидете само физички присутни покрај саканата личност.
СКОРПИЈА
Некои работи почнаа да се подобруваат, но сепак имате голем обем на работа во деловниот сегмент. Се надевате дека овој прекин ќе помине наскоро. Денес можете да го поправите односот со партнерот, но само ако ги признаете грешките.
СТРЕЛЕЦ
Гледате проблеми и грешки кај колегите, но имате тенденција да ги занемарувате сопствените грешки и одговорност. Вака не можеш да функционираш, проблемот не е само од другата, туку и од твоја страна. Овој режим можете да го примените и на вашата врска со саканата личност.
ЈАРЕЦ
Можеби денес ќе доживеете критики за вашата работа, без разлика што сметате дека нема вина во ова прашање. Обидете се да објасните, но ако не успее – не вклучувајте се во дискусии. Добро сте расположени, спремни да му угодите на саканата личност.
ВОДОЛИЈА
Очекувавте повеќе од некои работни места или соработници и прилично сте разочарани од резултатите. Можно е денес да бидете загрижени за се што е поврзано со финансиите. Некој сакан може да ви го подобри расположението, но во различен дел од денот.
РИБИ
Свесни сте дека мора многу да завршите, но не сте стимулативно расположени. Вашиот ум талка и задачите одземаат повеќе време од вообичаено. На емотивен план има задоволство, иако времето кое ќе го поминете со партнерот нема да биде доволно.