Овен
Проверете ја уште еднаш секоја хартија и документ на работа пред да ставите потпис. Во љубовта ви се отвора убава шанса занешто посериозно, отворете ги очите.
Бик
Ве очекува динамичен ден, но не брзајте со новите проекти додека не го исчистите стариот терен. Во љубовта ве следи одлична енергија, искористете го денот за уживање со партнерот.
Близнаци
Денес ќе мора малку да попуштите и да барате компромис, дури и за работи што веќе сте ги решиле. За слободните конечно има поместување на љубовен план што добро ќе ве орасположи.
Рак
Внимавајте со кого влегувате во расправии, особено со колеги кои имаат сосема спротивни ставови од вашите. Вечерта искористете ја за релаксација во домашна атмосфера со драги луѓе.
Лав
Ако имат епроблем со обврските, слободно побарајте помош од некој што има повеќе искуство од вас. На љубовен план, не ги игнорирајте ситните промени во однесувањето на саканата личност.
Девица
Денес бидете малку попретпазливи со парите бидејќи се можни неочекувани трошоци. Во врската ве очекува искрен разговор во кој ќе мора да отворите некои важни теми.
Вага
Пазете ги финансиите и документацијата бидејќи заглавувањето во администрација може да ви го расипе денот. За среќа, вашиот шарм блеска, па започнувањето нови флертувања ќе ви оди од рака.
Скорпија
Одете чекор по чекор и завршувајте ги обврските една по една, нема потреба од непотребна паника. Ве очекува одлично расположение, без разлика дали доаѓа од стара или нова љубов.
Стрелец
Држете се до своите планови бидејќи напорниот труд од претходните денови конечно ќе донесе пофалби. Сепак, доколку атмосферата во врската е затегната, денес не правите ненадејни потези.
Јарец
Тргнете ја несигурноста и борете се за она што го заслужувате на работното место. За слободните, некој колега или соработник може неочекувано да покаже интерес за вас.
Водолија
Денот носи стандарден работен ритам, само внимавајте да не претерате со строгоста кон луѓето околу вас. Доколку мачеа некои проблеми во врската, сега е вистински момент за отворен разговор.
Риби
Нема големи пречки на работа, па конечно ќе можете малку да здивнете и да фатите воздух. На љубовен план преземете ја иницијативата и искрено кажете што имате на душа.