Овен
Љубов:
Вашето незадоволство е минлива фаза. Ситните префрлувања и „емотивните убоди“ само ја влошуваат заедничкиот однос.
Работа:
Големите ефекти понекогаш брзо исчезнуваат. Нема потреба да се поведувате по лажни впечатоци за деловни можности.
Здравје:
Насочете ги мислите во позитивна насока, важно е да се опуштите.
Бик
Љубов:
Треба да ги „помирите“ мислите и чувствата, но и да го зачувате личното достоинство пред личност која добро ве познава.
Работа:
Вознемирени сте поради новите деловни настани и делувате збунето. Нема причина да ризикувате.
Здравје:
Ќе уживате во некоја спортска активност или во природа.
Близнаци
Љубов:
Не дозволувајте да ви недостасува имагинација или емоционална инспирација. Партнерот ги следи вашите движења и однесување со будно око.
Работа:
Некој ја поттикнува вашата креативна љубопитност и желба за ново знаење. Вашите цели се остварливи со правилно расудување.
Здравје:
Разубавете го вашиот изглед, како поттик за добро расположение.
Рак
Љубов:
Понекогаш треба да го исклучите разумот, има работи кои не можете да ги објасните врз основа на логички правила. Оставете ги вашите чувства да „проговорат“.
Работа:
Важно е работите да завршат на добар начин. Доволно сте вешти да ги надминете деловните недоразбирања и конфликтни ситуации.
Здравје:
Не ги задржувајте вашите чувства или желби, опуштете се.
Лав
Љубов:
Размислете како да ги надминете семејните недоразбирања. Насмевката на задоволство на лицето на партнерот ве прави среќни.
Работа:
Изгледате оптоварени со разни обврски, па ви недостигаат дипломатски манири пред колегите.
Здравје:
Ќе уживате во релаксација или престој во природа.
Девица
Љубов:
Во моментов, љубовта и задоволството не одат заедно. Партнерот одеднаш поставува прашања кои предизвикуваат емоционална непријатност кај вас.
Работа:
Потребна ви е дополнителна претпазливост кога се среќавате со колегите и кога ги оценувате новите деловни можности.
Здравје:
Ќе уживате во активен одмор и повеќе часови цврст сон.
Вага
Љубов:
Зрачите со добра волја и емотивна нота, а вашиот партнер има чувство за убаво и корисно. Прекрасно се надополнувате.
Работа:
Обрнете внимание на различни детали во преговорите, бидејќи работите кои имаат важно значење често остануваат скриени меѓу редови.
Здравје:
Важно е да ги усогласите вашите мисли и чувства.
Скорпија
Љубов:
Важно е да ги смирите вашите запалени страсти и да побарате совет од блиски пријатели. Не го нервирајте партнерот.
Работа:
Незадоволството го искажувате на директен начин, ве лути нечие однесување и неправдата што ја доживувате во друштво на колегите.
Здравје:
Контролирајте ја импулсивната страна на вашата природа.
Стрелец
Љубов:
Не дозволувајте сомнежот кон вашата сакана личност или лошото расположение да преовладува во вас. Потребна ви е позитивна ориентација.
Работа:
Се наоѓате во необична деловна ситуација. Многу од прашањата што ги имате засега остануваат незадоволително одговорени.
Здравје:
Нема потреба да се оптоварувате со напорни обврски.
Јарец
Љубов:
Партнерот добро ги препознава вашите намери, без разлика на позата или емотивната игра што ја играте. Не можете да ја скриете вистината.
Работа:
Некој се обидува да ве поттикне на поинаков начин на размислување или да ги прошири вашите когнитивни хоризонти во различни правци.
Здравје:
Обрнете внимание на поздрав начин на исхрана.
Водолија
Љубов:
Избегнувајте нова дискусија за „чувствителни теми“ на средбата со саканата личност, кои досега не сте успеале да ги заклучите.
Работа:
Поради различните интереси меѓу соработниците, мора да прифатите деловен компромис или некоја утешна варијанта.
Здравје:
Важно е да ја намалите вашата ментална напнатост или нервоза.
Риби
Љубов:
Не правете работи што ја иритираат вашата сакана личност. Непотребно предизвикувате нечија огорченост и незадоволство.
Работа:
Доколку сте оптоварени со големи амбиции, обрнете внимание на нечиј коментар за деловните можности.
Здравје:
Ќе уживате во некоја спортска активност.