Овен
Љубов:
Не ви е дозволено да правите се што сакате, но не се откажувате лесно и упорно смислувате некој заобиколен начин.
Работа:
Добро размислете како треба да се борите за подобра деловна позиција, не потценувајте нечија улога.
Здравје:
Бидете повнимателни во сообраќајот.
Бик
Љубов:
Желбите кои ги имате не се недостижни, но бараат дополнително трпение и голема упорност пред вашата сакана личност.
Работа:
Пребирливоста понекогаш е позитивна особина, не дозволувајте некој да ви ги менува критериумите при изборот на нова деловна тема.
Здравје:
Забавете го брзото темпо, опуштете се.
Близнаци
Љубов:
Бидете внимателни и воздржани пред блиска личност. Повнимателно анализирајте го партнерот, за да дешифрирате дел од скриените пораки.
Работа:
Избегнувајте прекумерна изложеност во друштво на колеги. Треба да смислите резервна опција, бидејќи секогаш постои факторот изненадување.
Здравје:
Важно е да акумулирате позитивна енергија.
Рак
Љубов:
Имате шанса да освоите нечија наклонетост. Објаснете и на вашата сакана личност дека ги делите истите емоционални потреби.
Работа:
Во добра форма сте и многу позитивно влијаете на околината. Важно е да реагирате во вистински момент.
Здравје:
Претставете ја позитивната страна на вашата личност.
Лав
Љубов:
Под емоционален притисок сте, мора да почитувате нечија волја или барања. Однесувањето на партнерот ве нервира.
Работа:
Долготрајната дискусија ја илустрира вашата несигурност или неспособност да ја надминете моменталната ситуација. Важно е да научите добра лекција.
Здравје:
Избегнувајте конфликтни ситуации.
Девица
Љубов:
Нема причина за лажна скромност во друштво на саканата личност. Покажете дека можете да блеснете со полн сјај и занес во вистинскиот момент.
Работа:
Се наоѓате во одлична можност да влијаете на деловен договор или да ги удвоите резултатите. Треба да преземете иницијатива.
Здравје:
Почестете се со некоја омилена забава во избраното друштво, акумулирајте позитивна енергија.
Вага
Љубов:
Средбата со една личност е повеќе како игра на „емоционално прикривање“ и тестирање, отколку на искрена размена на чувства.
Работа:
Се соочувате со нова деловна дилема. Избегнувајте натпреварувачки ситуации, особено кога немате проверени информации.
Здравје:
Обрнете внимание на веселите содржини, опуштете се.
Скорпија
Љубов:
Имате убаво чувство, на партнерот му делувате неодоливо и знаете да заблескате во полн сјај пред личноста која ви се допаѓа.
Работа:
Некој во вас поттикнува креативна енергија и мотивација за работата што ја работите. Треба да ги усогласите заедничките интереси.
Здравје:
Во одлична психофизичка форма сте.
Стрелец
Љубов:
Не дозволувајте непотребно да се судрите со саканата личност. Одговорете на нечии „сигнали“ или емотивна порака.
Работа:
Ве интересираат некои скриени информации. Важно ви е да се докажувате преку различни предизвици и во необични ситуации.
Здравје:
Треба да ја подобрите концентрацијата.
Јарец
Љубов:
Помеѓу вас и партнерот владее недоверба, но можни се изненадувања во двете насоки. Не зборувајте премногу.
Работа:
Не судете врз основа на првиот впечаток. Треба да исполните одредени услови и да ја промените вашата деловна тактика.
Здравје:
Обрнете внимание на работите кои позитивно влијаат на вашето расположение.
Водолија
Љубов:
Влегувањето во „забранета зона“, но и нагонот за авантура може да ве разочара.
Работа:
Имате амбициозни планови и нескромни желби, но вашиот успех зависи од некој однадвор.
Здравје:
Поттикнете го трпението и самоконтролата во себе.
Риби
Љубов:
Љубовните желби можете да ги остварите на заобиколен начин. Уживајте во убавите работи со блиска личност.
Работа:
Некој ви ги загрозува деловните интереси, но нема причина за поголема загриженост. Почекајте поповолен момент за да ги реализирате своите намери.
Здравје:
Вечерта ќе уживате во излегување или прошетка, опуштете се.