Овен
Овни, избегнувајте недоразбирања со претпоставените. Размислете за долгорочни цели, но не инсистирајте на нив веднаш. Денеска сте почувствителни од вообичаено – партнерските зборови може да ве погодат повеќе од очекуваното. Самците би можеле да воспостават контакт со стара симпатија. Ве следи немир и недостиг од сон. Помогнете си со топла купка и тишина.
Бик
Креативноста ви е засилена – следете ја интуицијата, таа може да ве одведе кон важен напредок. Односите се стабилни, но копнеете по повеќе нежност. Иницирајте близина – ќе ви биде возвратена. Внимавајте на грлото и вратот – осетливи сте на нагли температурни промени.
Близнаци
Денот е поволен за преглед на буџет и организација. Посветете внимание на административни обврски. Расположението ви е променливо. Не влегувајте во непотребни расправии – оставете времето да го направи своето. Главоболки од напнатост се можни, одморајте почесто.
Рак
Ракови, ова е идеално време за старт на личен проект, идеја што долго ја носите сега може да оживее. Месечината во вашиот знак ве прави посебно емотивни – блискоста со партнерот се продлабочува. Самците зрачат со топлина и привлекуваат внимание. Расположени сте, но не заборавајте да се наспиете.
Лав
Можно е влијателна личност да ви понуди шанса. Одржете зрел пристап. Денес се навраќате на минатото и преиспитувате стари емоции. Денот е за интроспекција, а не за нови врски. Ви треба одмор и мир. Избегнувајте непотребен стрес.
Девица
Тимската работа е клучна. Послушајте го колегата со нова идеја – може да биде пресврт. Партнерот е тука за вас – не одбивајте ја неговата поддршка. Денеска ќе имате чувствителен желудник, избегнувајте брза и тешка храна.
Вага
Ваги, привлекувате внимание, ова е добар момент за презентација на идеи или барање поддршка. Романтичната енергија ви е засилена. Искористете го денот за искрен разговор со партнерот. Се чувствувате одлично – кратка прошетка ќе ви го разубави денот.
Скорпија
Склоност кон импулсивни одлуки – воздржете се, почекајте поповолен момент. Привлечни сте и оставате впечаток каде и да се појавите. Можно е признание од тајна симпатија. Зголемена напнатост – обидете се со вежби за дишење.
Стрелец
Недостасува концентрација – одложете важни одлуки. Можни се мали недоразбирања наутро, но до вечер ќе се смири атмосферата. Самците се чувствуваат замислено. Зголемете внес на вода, намалете ги шеќерите.
Јарец
Јарци, подготвени сте за преземање одговорност. Денес е добар ден за да ги завршите заостанатите задачи. Партнерот сака повеќе внимание, а вие сте мислите на друго место. Искрен разговор ќе помогне. Ќе имате болки во грбот, време е за истегнување или релаксација.
Водолија
Ова е особено поволен ден за креативци, следете ги сопствените идеи и верувајте во нив. Некој може пријатно да ве изненади со мал, но значаен гест. Отворете се за нови емоции. Денеска е одличен ден за физичка активност – раздвижете го телото.
Риби
Време е да ги завршите задачите што долго ги одложувавте. Фокусот е вашиот сојузник. Емоционалната врска се зацврстува, но искреноста е клучна. Не го потиснувајте она што го чувствувате. Психички сте ранливи, приближете се кон уметноста или природата за внатрешен мир.