Овен
Љубов:
Во средбата со саканата личност, подобро е да ја прифатите утешната опција, иако таа не е карактеристична за вашиот темперамент и карактер.
Работа:
Постапувајте според вашата совест, важно е да се почитува меѓусебниот договор или воспоставените правила во деловната соработка.
Здравје:
Избегнувајте конфликтни ситуации.
Бик
Љубов:
Изгледате вознемирено, мора да прифатите нечии правила за заеднички живот или „емотивно предупредување“.
Работа:
Се обидувате да го привлечете вниманието на околината во насока на вашите интереси. Сепак, постојат отежнувачки околности кои ве забавуваат.
Здравје:
Нема причина да ги преувеличувате вашите можности.
Близнаци
Љубов:
Не давајте ветувања што не можете да ги исполните. Насмевките и емотивните желби не значат многу, доколку нема цврста намера.
Работа:
Се обидувате да ги исправите деловните грешки, нема причина премногу да зборувате за вашите планови. Важни се резултатите, а не коментарите.
Здравје:
Ќе ви годи излегување, прошетка или престој во природа.
Рак
Љубов:
Работите понекогаш изгледаат сосема поинаку од првиот впечаток што го имате. Постапувајте според вашата совест кога се среќавате со саканата личност.
Работа:
Не треба да се оптоварувате со различни критериуми. Секој од соработниците има свој начин на толкување на настаните.
Здравје:
Растоварете се од непотребните грижи, разубавете го вашето расположение.
Лав
Љубов:
Подобро е да ја прифатите идејата на партнерот отколку да направите љубоморна сцена. Избегнувањето на вистината е погрешен избор.
Работа:
Не се залажувајте дека се што ќе слушнете е вистина или дека нечии ветувања се доволна гаранција за деловен и финансиски успех.
Здравје:
Ќе ви годи витаминска исхрана.
Девица
Љубов:
Ве привлекува комбинација на емотивна, страсна и интелектуална поврзаност, но на личноста која е во вашето друштво и недостига нешто од тоа.
Работа:
На оние околу вас им изгледате привлечно и шармантно, но тоа не е гаранција за успех. Порано или подоцна, мора да исполните нечии барања.
Здравје:
Избегнувајте депресивно расположение и потпрете се на вашата интуиција.
Вага
Љубов:
„Деталите“ кои мудро ги премолчувате имаат повеќе значење од работите кои му ги соопштувате на љубовниот партнер.
Работа:
Според вас, нечија приказна делува неубедливо и претерано, па се потпирате на личното расудување и способности.
Здравје:
Треба да ја подобрите вашата кондиција.
Скорпија
Љубов:
Делувате напнато и често го менувате расположението, покажувате повеќе трпение кон барањата на партнерот. Не избрзувајте со вашите одлуки.
Работа:
Во одлучувачки ситуации, потребна ви е нечија помош и поддршка. Нема причина да ги преценувате вашите можности.
Здравје:
Ќе уживате во излегувањето или средбата со блиски пријатели, како релаксација.
Стрелец
Љубов:
Препуштањето на саканата личност не е знак на емоционална слабост. Се оптоварувате со погрешни идеи.
Работа:
Можете добро да процените во деловните преговори. Размислете во која насока треба да барате нови одговори и решенија.
Здравје:
Треба да се ослободите од непотребните грижи и да си ја олесните совеста.
Јарец
Љубов:
Бидете подискретни во различните средби и внимателно проценете ги вашите опции пред да ја започнете „љубовната искра“.
Работа:
Чувствувате мала стагнација. Треба да ангажирате сигурни соработници за да постигнете заеднички интереси.
Здравје:
Обрнете внимание на поправилен начин на исхрана.
Водолија
Љубов:
Новите настани можат да го нарушат вашиот однос со вашата непосредна околина. Преиспитајте ја вашата емотивна поврзаност со саканата личност.
Работа:
Премногу сте зафатени со амбиции, па не забележувате нови настани кои ја засегаат вашата околина. Се си има своја цена.
Здравје:
Ќе ви годи психофизичка релаксација.
Риби
Љубов:
Избегнувајте напнати ситуации при средба со саканата личност, важно е меѓу вас да има добри намери.
Работа:
Ако сакате да ги тестирате вашите интелектуални или практични способности, најдете си соодветен партнер.
Здравје:
Обидете се правилно да ја насочите вашата позитивна енергија.