Дневен хороскоп за 04 мај – Забавете го брзото темпо, опуштете се

од Вести365.МК Ј.Р.

Овен
Љубов:
Избегнувајте нови емотивни провокации, изберете познато друштво или личност која ви е посветена.
Работа:
Вие се залагате за практично и правично решение, но еден од соработниците има скриени намери и упорно се обидува да ви го наметне своето влијание.
Здравје:
Нема потреба да се губи трпението.

Бик
Љубов:
Некој ви дава до знаење дека ја очекува вашата безрезервна посветеност и ги отфрла интригантните ситуации низ кои поминувате.
Работа:
Повнимателно анализирајте ја вашата околина и колегите, треба да бидете добро информирани за различни деловни аспекти.
Здравје:
Забавете го брзото темпо, опуштете се.

Близнаци
Љубов:
Некој не ги исполнува вашите емоционални очекувања, но вие сте толерантни и со разбирање кон личноста која ја користи вашата добра волја.
Работа:
Бидете мудри и прифатете нечиј совет за да спречите дополнителни компликации. Околината не ги разбира целосно сите ваши идеи.
Здравје:
Обрнете внимание на поправилна исхрана.

Рак
Љубов:
Нечија порака може да се толкува на различни начини, а за вас „вистината“ е она што со задоволство го слушате.
Работа:
Бидете разумни, сегашниот неуспех треба да ве мотивира на дополнителна упорност или на желба да ги надминете личните слабости.
Здравје:
Важно е да се усогласат мислите и чувствата.

Лав
Љубов:
Доволен е позитивен стимул или внатрешен импулс за да почувствувате голем емотивен занес кој ве зближува со саканата личност.
Работа:
Доколку сте доволно ефикасни, ќе добиете нова добивка и морална сатисфакција. Не пропуштајте добра можност.
Здравје:
Вие сте во одлична форма.

Девица
Љубов:
Покажете искрен интерес за идеите на вашата сакана личност. Избегнувајте емотивни провокации или нова љубоморна сцена.
Работа:
Нема причина да бидете наметливи, туку оставете ги другите да зборуваат за вашиот успех или во ваша корист.
Здравје:
Ќе ви годи излегување или некоја спортска активност.

Вага
Љубов:
Одредени „мали нешта“ понекогаш повеќе откриваат од речениците кои се повторуваат. Повнимателно анализирајте ја саканата личност.
Работа:
Важно е да ги заштитите вашите интереси. Поставете граница до која сте спремни да преземете деловна одговорност.
Здравје:
Избегнувајте некои лоши навики.

Скорпија
Љубов:
Партнерот делува многу стимулативно и знае како да ги пренасочи вашите мисли во позитивна насока. Нема причина за дополнителна загриженост.
Работа:
Приговорите што некој ви ги упатува не претставуваат голем прекршок. Ако има различни ставови, треба да ги усогласите деловните интереси.
Здравје:
Поттикнете го вашето добро расположение и веселиот дух.

Стрелец
Љубов:
Користите престроги критериуми кога оценувате нечие однесување. Неправедно ја критикувате саканата личност.
Работа:
Мора да имате доволно храброст да ја прифатите одговорноста за она што сте го направиле. Ситуацијата ќе се реши, нема причина за грижа.
Здравје:
Чувајте ја вашата самодоверба и смиреност.

Јарец
Љубов:
Можно е вашиот партнер да има повеќе проблеми отколку што сфаќате. Покажете емпатија и разбирање на секој начин.
Работа:
Изгледате како личност која вашите деловни и финансиски цели ги става над интересите на мнозинството, поради што очекувате различни коментари.
Здравје:
Потребна ви е добра грижа и психолошка поддршка.

Водолија
Љубов:
Важно е вашите идеи или емоционални интереси да наидат на позитивен одговор. На партнерот му е важно да ве охрабри и да ве направи среќни.
Работа:
Некој јасно ви дава до знаење дека сте во добра позиција. Важно е да се процени најдобриот момент за акција и да се надмудрат потенцијалните ривали.
Здравје:
Изгледате активни и сте во одлична психофизичка форма.

Риби
Љубов:
Ве очекува пријатно изненадување. Почестете се со некои убави „ситници“ и добро друштво.
Работа:
Соработката ве обврзува строго да ги почитувате заедничките правила, како и да ги почитувате различните афинитети.
Здравје:
Внесувајте повеќе течности во вашето тело.

Слични објави