Овен
Љубов:
Важно е да се подготвите за романтична средба. Некој дополнително ја поттикнува вашата имагинација и позитивното расположение.
Работа:
Понекогаш е тешко да се усогласат спротивставените гледишта што постојат во справувањето со деловните интереси. Не дозволувајте некој да ви наметне инфериорна позиција.
Здравје:
Нема причина многу да се грижите, опуштете се.
Бик
Љубов:
Повнимателно изберете ја личноста со која сакате емотивно да се опуштите или да уживате во некоја поинтимна забава.
Работа:
Поттикнете ја вашата креативна љубопитност и упорност, но само до тој степен што нема да ви биде проблем да ги постигнете вашите намери.
Здравје:
Избегнувајте неумереност и разни видови на екстремно однесување.
Близнаци
Љубов:
Некој ве поттикнува да бидете во добро расположение. Во согласност со вашите афинитети, можете да создадете романтична атмосфера и да привлечете нечие внимание.
Работа:
Одбивате да прифатите туѓа улога во преговорите, не сакате да бидете надвор од главните настани на деловната сцена.
Здравје:
Слободното време посветете го на рекреација, ќе уживате во прошетка.
Рак
Љубов:
При средба со саканата личност, нема причина да се инсистира на некои споредни настани.
Работа:
Консултирајте се со соработниците пред да донесете конечна одлука. Повеќе глави можат да дојдат до подобро решение.
Здравје:
Ќе уживате во релаксација или средба со пријателите.
Лав
Љубов:
Премногу чувствително реагирате на разни ситници, партнерот не забележува работи кои за вас имаат поинакво значење.
Работа:
Доколку некој ве предупреди да ги промените вашите барања во деловната и финансиската соработка, прифатете одреден компромис.
Здравје:
Важно е да постигнете психолошка рамнотежа.
Девица
Љубов:
Во љубовната врска добро се знае која е чија улога. Натерајте го вашиот партнер да ги исполни вашите очекувања. Бидете категорични.
Работа:
Се грижите да ги потврдите своите способности пред колегите, но не можете да се одлучите за најдоброто решение.
Здравје:
Треба да акумулирате позитивна енергија.
Вага
Љубов:
Треба да разберете нечија емоционална слабост. Нема причина да се однесувате арогантно во друштво на блиска личност.
Работа:
Без разлика на вашата снаодливост, не можете да ги контролирате низата настани на деловната сцена и вашите соработници.
Здравје:
Избегнувајте премногу напорни или стресни ситуации.
Скорпија
Љубов:
Саканата личност индиректно се обидува да влијае на вашата одлука, нема причина да се сомневате во нечии искрени намери.
Работа:
Направете се што е потребно за да ја оправдате вашата улога во деловната соработка, покажете дополнителна мерка на одговорност.
Здравје:
Дозволете некој да ве расположи, опуштете се.
Стрелец
Љубов:
Во голем занес, желбите ги насочувате кон погрешна личност. Погледнете наоколу пред да донесете нова или важна одлука.
Работа:
Имате погрешен впечаток. Нема потреба да го привлекувате вниманието кон себе, доколку однапред не обезбедите нечија поддршка.
Здравје:
Ќе уживате во повеќе часови добар сон, обрнете внимание на соништата.
Јарец
Љубов:
Ве привлекува комбинација на емотивна, страсна и интелектуална поврзаност, но на личноста која е во вашето друштво и недостига нешто од тоа.
Работа:
На оние околу вас им изгледате привлечно и шармантно, но тоа не е гаранција за успех. Порано или подоцна, мора да исполните нечии барања.
Здравје:
Избегнувајте депресивно расположение и потпирајте се на вашата интуиција.
Водолија
Љубов:
Ако се чувствувате резигнирано, размислете што сте и згрешиле кон блиска личност. Никој не е безгрешен или совршен.
Работа:
Потребна ви е добра концентрација и моќ на перцепција во различни ситуации. Потпрете се на вашето богато искуство.
Здравје:
Ќе уживате во повеќе часови добар сон, обрнете внимание на соништата.
Риби
Љубов:
Се грижите без вистинска причина, вашата сакана личност не сака да ви ги доверува своите мисли. Но, постапките зборуваат многу за чувствата.
Работа:
Кога работите не одат во посакуваната насока, ја губите мотивацијата, а нечија критика има спротивен ефект.
Здравје:
Треба да ја подобрите концентрацијата.