ОВЕН
Добар ден за решавање деловни прашања и контакти со нови колеги, бидејќи сте активни и имате волја да го завршите започнатото. Повеќе ќе се движите кон личноста за која се грижите, вечерните часови се добри за средба.
БИК
Може да бидете малку мрзеливи и да ги одложите задачите што треба да ги завршите. Ова не ви треба, искористете го позитивното влијание на овој ден и фокусирајте се на работата. Размислувате за некого интензивно, но сепак не се движите.
БЛИЗНАЦИ
Размислувате за некои работи на кои навистина немате никакво влијание. Подобро е да дозволите ситуациите сами да се решат без ваше директно учество. Потребна ви е поддршка од саканата личност, но прашање е до кој степен ќе може да ви се посветат.
РАК
Можеби некои ситуации ви изгледаат нерешливи, но доколку повеќе се вклучите или побарате помош од некој од вашите колеги, ќе видите дека се може да се реши многу полесно отколку што мислевте. Чувството на осаменост може да ве придружува без разлика дали сте сами или со партнер.
ЛАВ
Мислите дека сте направиле добар договор со некој соработник или колега. Има уште некои детали кои треба да се решат и ќе посветите време на тоа. Имате убави планови со емотивниот партнер, можно е да се работи за некаква форма на изненадување или излегување.
ДЕВИЦА
Се фрливте на размислување за детали или пресметки на работа. Можно е вашата концентрација да е слаба, затоа проверете сè внимателно пред да продолжите. Кога контактирате со вашиот партнер или личност што ви се допаѓа, изгледате незаинтересирано и отсутно.
ВАГА
Се што треба да направите е да решите некои проблеми со некој деловен проект или некоја обврска, а потоа можете да кажете дека целосно сте затвориле нешто што ве мачи подолго време. Доколку сакате да одржувате добри партнерски односи, денеска ќе мора да попуштите.
СКОРПИЈА
Деловната тема е нагласена и многу ќе внимавате на се што е поврзано со обврските што ги имате. Не сакате да си дозволите ниту една грешка. Поради оваа причина, може да одолговлекувате и со тоа да иритирате некој од вашите колеги. Лош ден за емотивни контакти.
СТРЕЛЕЦ
Денеска вашето внимание е расфрлано и само повремено ќе успеете да останете фокусирани. Не само што има работа на вашата глава, туку има и нерешена ситуација со емотивниот партнер што ве мачи и ви пречи. Денес е важно да се задржи самоконтролата.
ЈАРЕЦ
Можно е да има два состаноци или два деловни контакти кои треба да ги остварите, а не знаете на кој да му дадете приоритет. Се плашам дека ќе биде тешко да се балансира денес, седнете и размислете. Можни се напнати ситуации во семејните односи.
ВОДОЛИЈА
Некои договори и дискусии мора да се завршат и нема причини да се одложи. Не оправдувајте се со голема количина на обврски, туку правете го она што одамна требаше да го направите. За некои работи треба да разговарате и со саканата личност.
РИБИ
Денеска потребно е да завршите се што ви преостанува и да не го одложувате за следните денови. Тоа и самите ќе го разберете кога попладне ќе бидете преоптоварени со дополнителни обврски. Некој за кого се грижите понекогаш ви поминува низ умот.