Дипломати со македонски поговорки го честитаат Денот на македонскиот јазик

Дипломатите научија македонски поговорки по повод Денот на македонскиот јазик.

„По повод овој ден, ги замоливме нашите колеги и волонтерите на Мировниот корпус на САД да кажат неколку македонски поговорки по нивен избор. Еве што избраа“, стои во описот на објавеното видео во кое повеќе американски дипломати споделија наши познати поговорки, на македонски јазик.

Тие ги кажаа поговорките „Што ќе сееш, тоа ќе жнееш“, „Џабе работи, џабе не седи“, „Кој рано рани, две среќи граби“ и други.

Денот на македонскиот јазик се одбележува петта година по ред. Тој е воведен во 2019 година

Видеото погледнете го на следниот линк

https://www.facebook.com/USEmbassySkopje/videos/6112107528871115/

Слични објави