Децата на Пригожин пеат дека се елита, додека другите го чистат подот? ВИДЕО

од Вести365.МК Ј.Р.

На СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ се појави видео на кое се гледаат децата на Пригожин, Павел и Вероника, според Антон Герашченко, консултант во украинското Министерство за внатрешни работи. Тие, додава тој, на спотот пеат песна во која велат дека се елита и олигарси додека другите ги молат за пари и остатоци од подот.

„Руските канали на Телеграм објавија видео од децата на Пригожин, Павел (во безбол капа) и Вероника, во Карелија.

Тие беа снимени како пеат песна во која се нарекуваат елита и олигарси, додека други молат за пари и чистат подови.

Дека видеото е автентично потврди и самиот Пригожин. Тврди дека е снимен во летото 2022 година (кога војната веќе била во тек). Пригожин вели дека видеото и фотографиите се украдени од специјален сајбер-оддел на руското Министерство за одбрана“, напиша Герашченко.

Видеото можете да го погледнете тука.

Слични објави