Православните верници денес го слават третиот ден од најголемиот христијански празник Велигден, познат и како Светол Вторник.
Богослужбите се исти како и претходните два дена. Велигденските празнувања траат три дена, а на Велигденскиот вторник продолжуваат гозбите и веселбите на кои доаѓаат роднините, кумовите, соседите и пријателите, па во тоа време се собираат и роднините од подалечните краишта.
Кај народот овој вторник се смета за најдобар вторник во целата календарска година. Во некои села, се одржуваат и свадби, зошто се смета дека овој ден има посебен благодет кој се пренесува на новите сопружници и нивното новоосновано семејство.