Дали за 120.000 евра санација на Хирургија која не е направена е колабиран цел здравствен систем? Министерот за здравство Илир Демири и заменик министерката Маја Манолева треба да кажат дали затоа што на време не направиле санација од 120.000 евра сега се блокирани 12 оддели на Хирургија и цел здравствен систем е во хаос, се вели во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ.
„Зошто милиони се одвојуваа за матни тендери, се местеа провизии за вакцини од десетици милиони евра, се крадеше на терапии за рак, а не се најдоа 120.000 евра за санација на Хирургија?
Како е можно СДС и ДУИ да имаат пари за секакви матни зделки и тендери, а да немаат 120.000 евра за санација на проблемот на Хирургија?
Имајќи го во предвид однесувањето на СДС и ДУИ станува јасно дека можеле, а не го решиле проблемот на Хирургија.
СДС и ДУИ свесно го блокираа цел здравствен систем. Одговорност за хаосот на Хирургија ќе има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.