Груби: За прв пат во историјата ние сме втора сила во земјата

од Вести365.МК | М.Т.

Високиот функционер на ДУИ, Артан Груби утрово преку Фејсбук порача декас Европскиот фронт предводен од неговата партија по изборите стана втора сила во државата.

Европскиот фронт е победник на парламентарните и претседателските избори. Европскиот фронт има 19 пратеници, опозицијата 13 пратеници. Европскиот фронт е втора сила во државата, за првпат во историјата на земјата. Али Ахмети повторно постигна голема победа и останува непоразен на политичката сцена во земјата. Европскиот фронт има двојно мнозинство во Собранието“, напиша Груби.

На официјалната фејсбук-страница на ДУИ променета е насловната фотографија – сега на црна подлога е испишана бројката на освоени гласови на вчерашните избори.

Слични објави