Го убил соседот со моторна пила, полицијата откри страшна сцена во Франција

Мажот осомничен за убиство на сосед со моторна пила во францускиот град Вербие е уапсен откако полицијата го пронашла на местото на злосторството облеан во крв, јавија денеска француските медиуми.

Тој прво бил хоспитализиран поради неговата психичка состојба, а потоа бил испрашуван и обвинет, објави „Фигаро“.

На распитот во полиција 31-годишникот го признал убиството.

Обдукцијата потврдила дека жртвата починала од повреди нанесени од моторна пила во пределот на стомакот.

Осомничениот претходно бил осуден за силување во 2014 година.

Слични објави