Голема полициска акција во државата, уапсени повеќе од 15 лица

од Вести365.МК Ј.Р.

Македонската полиција засилена со специјалци, утрово во Скопје, Битола и Ресен при претреси на повеќе локации, лишила од слобода повеќе од 15 лица.

При претресите биле пронајдени поголемо количество муниција и други предмети поврзани со кривични дела.

Од МВР потврдуваат дека во тек се претреси, а за целта на оваа голема полициска акција и за крајниот исход од претресите повеќе информации најавуваат во текот на денот.

Слични објави