Вчера се изгаснати 19 пожари на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува дека имало 19 пожари на отворен простор вчера и сите се изгаснати, а активни пожари од вчерашните во државата, нема.

Изгаснати се пожарите во: Општина Чучер Сандево, Горно Блаце (горела нискостеблеста шума и ниска вегетација); Општина Сопиште, с. Јаболци (сува трева); Општина Василево, патот од с.Василево кон с.Пиперево (сува трева); Општина Штип, с.Сушево (сува трева и стрниште); Општина Радовиш, с.Подареш кон с.Ораовица (сува трева); Општина Штип, во близина на Мирјанина Црква (депонија-ѓубре); Општина Врапчиште, с.Неготино (сува трева); Општина Штип, с,Теранци (сува трева);

-Општина Чешиново-Облешево, с.Уларци (сува трева, ѓубриште и лозје); Општина Врапчиште, с.Пожаране (ниска шума и сува трева); Општина Бервеница, с.Бервеница (сува трева); Општина Гостивар, кај патарината Гостивар – Тетово (сува трева);Општина Врапчиште, с.Неготино (сува трева); Општина Охрид, ул. „Бистрица“ (стрниште); Општина Велес, населба Превалец (сува трева); Општина Боговиње, с.Радиовце (сува трева); Општина Крушево, с.Алданци (сува трева) и во

– Општина Лозово, два (2) пожара – с.Сарамзалино (стрниште) и с.Ќоселери (каде што горела сува трева).

Слични објави