Вреди ќе има свој кандидат за градоначалник на Скопје

од Вести365.МК Ј.Р.

Следната недела Вреди ќе ги објави своите кандидати за градоначалници за локалните избори, соопшти првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, како и еден од лидерите на Вреди, Изет Меџити.

Тој рече дека ќе имаат свој кандидат за Скопје, како и за сите други општини. Досега ја дадоа поддршката за независниот кандидат Мендух Ќура за Струга.

Меџити вели дека како што секогаш било пракса, така и сега на овие локални избори, владините партнери ќе се помагаат.

„Ништо посебно, ништо ново. Како во 90-те до денес, во плурализмот владините партнери секогаш се помагале и ќе се помагаат, како што и опозициските партии ДУИ, Левица, СДСМ очекувам да се помагаат“ рече Меџити.

Слични објави