Во Ново Лисиче наместо згради, ќе се гради парк

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, информира дека во текот на следната недела ќе започне изградбата на нов парк во близина на трговскиот центар “Лиса” во Ново Лисиче. Ова е реализација на најавените планови минатата година, кога Општина Аеродром избриша две градежни маркички предвидени за изградба на станбени и деловни објекти и ги пренамени во зелени површини.

Паркот ќе биде изграден на површина од 5700 квадратни метри и ќе биде финансиран со средства од буџетот на Општина Аеродром, во партнерство со компании кои се грижат за животната средина. Градоначалникот посочи дека овој парк е уште еден важен проект во унапредувањето на урбаното живеење и давањето придонес за чиста и здрава животна средина. Ова е прв парк од овој вид во Општина Аеродром и го насочува градот кон уште по здрав и еколошки одржлив начин на живеење.

Слични објави