Во МОН стигнале над 20 пријави за врсничко насилство

од Вести365.МК Ј.Р.

Во Министерството за образование и наука (МОН) веќе има 20 пријави за врсничко насилство, соопштија надлежните.

Министерот за образование, Јетон Шаќири, изјави дека првиот чекор во процесот е проверка на изворите и точноста на информациите наведени во пријавата, по што ќе следат други чекори.

Младите, родителите и граѓаните можат да пријават врсничко насилство на мејловите [email protected] и [email protected].

По масакрот во Белград, каде ученик уби деветмина и повреди седум луѓе, македонските власти најавија серија мерки за спречување на насилството во училиштата.

Во полиција вчера беше пријавен случај каде ученици во Скопје составувале список, а денеска тоа се случило и во Тетово. Деца на возраст од 11 години составиле список со имиња на нивни соученици и закани и го оставиле во тоалетот, по што се повикани во полиција со родителите.

Слични објави