Нова рунда трговски преговори меѓу САД и Кина започна во Лондон, каде двете страни се обидуваат да го зачуваат кревкото примирје постигнато минатиот месец, објави Си-Ен-Ен.
Лице запознаено со ова за Си-Ен-Ен изјави дека разговорите меѓу Вашингтон и Пекинг се во тек, како што потврди кинеската новинска агенција Ксинхуа.
Извозот на ретки земјени елементи од Кина се очекува да биде во центарот на вниманието на денешниот состанок во британската престолнина.