Под називот „Марш за ангелите“ во 12 часот и 5 минути, како симбол на задоцнетата институционална реакција, семејствата на починатите во трагичниот пожар тргнаа од Паркот на револуцијата се упатија на тежок, црн марш низ улиците на Кочани.
Со солзи во очите, црна, темна, траорна облека, родителите, роднините, пријателите на загинатите во кочанската трагедита од 16 март, кога се запали дискотеката „Пулс“ во овој град, денеска маршираа низ градот.
Се упатија кон Трговскиот центар, а оттаму кон зградата на Општина Кочани, Полициската станица и Основниот суд и Обвинителството.
Маршот трае, а на семејствата им се приклучуваат бројни граѓани на овој град завиен во црно.
Со фотографии од своите најмили, кои кобната ноќ се најдоа во дискотеката „Пулс“, членовите на нивните семејства на овој марш си даваат поддршка со прегратки и понекој утешен збор.
Тивко е во кочани денеска, како и претходните дваесетина дена