Најмалку 16 луѓе беа убиени утрово во израелските напади врз Појасот Газа, објави Ал Џезира.
Службеник на Цивилната заштита во Газа, предводена од Хамас, Мохамед ал-Мугаџир, изјави дека нападите, во кои беа повредени десетици луѓе, главно биле насочени кон централните и јужните делови на палестинската енклава.
Податоците на Хамас за бројот на жртви не се потврдени и не прават разлика помеѓу цивили и борци.