Шабан Салиу, актуелниот министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите, е опфатен со проширување на истрагата за Кочани, потврдија извори од истрагата.
Салиу беше директор на Дирекцијата за заштита и спасување од 2008-ма до 2017-та пдносно во периодот кога е отворено кабарето Пулс во објектот кој изгоре во пожарот на 16-ти март.
Според првичните сознанија, се проверува како ДЗС вршела контроли и ги исполнувала своите законски обврски за заштита од пожари и контрола.
Приведен на распит е и актуелниот директор на ДЗС Џевад Селами.
Осомничените ќе бидат префрлени на распит во обвинителството во Кочани по чие барање се приведени.