Возачот на Палчо ќе добие кривична

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска информираше дека ќе следува кривична пријава за возачот на Љупчо Палевски – Палчо по испрашувањето во полициската станица.

– По се она што го имаме досега потврдено, ме информираа службите дека ќе следува кривична пријава, рече Спасовски.

Сопартиецот на Палчо, Стефан Димковски го возел со Ланд Ровер од Белград, каде што спиел убиецот, преку Србија и Бугарија, до Турција, по убиството на 14-годишната ВАња Ѓорчевска. Тој попат се сликал со Палевски и објавувал фотографии на ФБ. Тој е сопартиец на Палевски и објавувал видеа на Фб страницата на неговата партија „Десна“

Спасовски додаде дека се работи на преведувањето на целата документација со која ќе се бара екстрадиција на Палевски од Турција и дека очекува дека уште денеска ќе биде испратена.

Слични објави