ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ да го поддржат Законот за продолжување на важноста на пасошите предлог на ВМРО-ДПМНЕ, за да се стави крај на хаосот

СДС и ДУИ да го поддржат Законот за продолжување на важноста на пасошите предлог на ВМРО-ДПМНЕ, за да се стави крај на хаосот. И СДС и ДУИ имаат шанси да помогнат да се стави крај на хаосот кој сами го создадоа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека владата по потпишувањето на договорот за промена на името, тврдеше дека нема да има вонредно укинување на патните исправи, туку како ќе истекува нивната важност, така ќе се обновуваат.

 Владата излажа. Не само што вонредно не се укина важноста на пасошите, туку и во меѓувреме МВР на Спасовски иако знаеле дека нема да важат издавале стари пасоши. СДС и ДУИ ја закочија државата, целосно го ставија во опасност правниот промет и сообраќајот во државата, ги понижија граѓаните и создадоа тесно грло во МВР преку свесно оставање на институцијата без доволно обрасци пред техничка влада, потенцираат тие.

Во соопштението се посочува дека се што прават СДС и ДУИ е во насока на уништување на државата.

Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични објави