СДСМ и ДУИ гласаа за амнестија на нивните криминали, а спотерот, фолирантите од Левица не гласаа против измените на Кривичниот законик. СДСМ и ДУИ гласаа за амнестија на својот криминал изминативе 6 години и знаат дека со сигурност паѓаат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека СДСМ и ДУИ се спремаат за опозиција, знаат дека нема да ги имаат судовите повеќе под нивна контрола и ќе треба да одговараат за криминалот кој го прават, па затоа ги намалуваат казните.
– Левица е лицемерна како и секогаш, наместо да се бори против и да гласа против амнестијата на криминалците од СДСМ и ДУИ тие им помагаат. Левица е параван за политиките на СДСМ и ДУИ. Левица е за амнестија на криминалците од власта, истакнуваат тие.
Од партијата потенцираат дека Ковачевски е премиерот кој ќе остане како лидер на најнеспособната власт, а Димитар Апасиев како човек кој преку шарената револуција и криминалното СЈО помогнал да се востоличи таа најнеспособна власт на СДСМ и ДУИ.
– Треба да знаат ДУИ и СДСМ дека не ги спасува амнестијата, и правда ќе има, стои во соопштението.