ВМРО-ДПМНЕ: Омилената владина веледрогерија била „оќорена“ од тендери на Онкологија

Власта бега од скандалот со клиниката за Онкологија како ѓавол од темјан. Бегаат затоа што токму оваа власт е дивото месо кое што го уништува здравствениот систем и овозможува некој да се богати на грбот и на сметка на животите на најтешките пациенти во државата. Ова што се случувало во клиниката за Онкологија е дело на една канцер мафија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека таа канцер мафија свесно предизвикала хаос во клиниката со цел во матното да се злоупотребува скапата терапија која чини и по илјада евра од ампула.

– Притоа речиси по правило било набавувано терапија од омилената веледрогерија на власта која била „оќорена“ од тендери и народни пари. Она кое што е забележано во извештајот од финансиската контрола е дека постои нејасна причина зошто за некои лекови се правени анекси и залихи, а за други дефицитарни лекови не. Дали свесно било набавувано повеќе од некои лекови кои чинат огромни суми, за да може веледрогеријата да се наполни со пари? – прашуваат тие.

Според нив во истиот извештај се забележува зошто е распишан 4 месечен тендер од страна на клиниката за Онкологија, кога тендерот на министерството за здравство бил уште во тек?

– Сите овие недоследности , но и мноштвото сведоштва за злоупотреби, говорат дека на клиниката за Онкологија се спроведувал најморбидниот криминал. Оваа канцер мафија мора да одговара, стои во соопштението.

Слични објави