Димитар Ковачевски, како заменик министер за финансии и претставник на министерството за финансии гласал за Предлог листата за менување на имињата на улиците во град Скопје, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека Ковачевски и СДСМ директно допринеле за смена на името на улицата „Втора македонска ударна бригада“ во Чаир.
– Владата на ДУИ и СДСМ на две седници во 2021 година ја разгледува листата за имиња на улици, плоштади, доставена од Град Скопје под водство на СДС. Целиот процес е започнат од СДС и завршен од СДСМ, истакнуваат тие.
Во соопштението се потенцира дека лагите на СДСМ се препознаени од народот.
– Во СДСМ ако не знаат или Ковачевски не им кажува, нека го прашаат јавно преку соопштение од нивниот прес центар па може ќе им одговори, дека токму тој е причина за преименувањето на улицата „Втора македонска ударна бригада“ во Чаир, нагласуваат од партијата во соопштението.