ВМРО-ДПМНЕ: Заради неспособниот Ковачевски Македонија има пад на реалната плата и зголемување на трошоците за живот

Заради неспособниот Ковачевски Македонија има пад на реалната плата и зголемување на трошоците за живот. Во 2022 година реалната плата паднала за 5%. Оваа година во септември во однос на септември лани трошоците на живот се зголемени за 6.6%, а цените на мало за 4.7%, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека со СДС платите се намалуваат, а трошоците за живот растат.

– На Ковачевски не му е доволно што народот го донесе до раб на сиромаштија, па по падот на платите и зголемените трошоци за живот, го зголеми ДДВ за над 1.000 производи. Од овој месец трошоците за живот ќе бидат уште поголеми и трајно зголемени, заради Ковачевски кој буџетот кој оваа власт го краде сака да го полни од зголемен данок кон крајните потрошувачи – граѓаните кои земаат  бебешка храна, сирења, кашкавали и други основни намирници, потенцираат тие.

Од партијата нагласуваат дека одамна власта изгуби допир со реалноста, време е да се изгуби од Илинденска. Промените се нужност.

Слични објави