ВМРО-ДПМНЕ: Власта не е спремна за стартот на учебната година, уште еден 1 септември без учебници за учениците

Власта не е спремна за стартот на учебната година, уште еден 1 септември без учебници за учениците. Од 1 септември повторно нема да има учебници за сите ученици. Власта на ДУИ и СДС е неспремна да организира образовен процес, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата прашуваат за што се издвојуваат милиони евра од буџетот за учебници, кога учениците ги добиваат на средина на учебната година?

– Заради неспособноста на власта од буџетот се издвојуваат неколкукратно пари еднаш за скрипти или скенирани учебници, втор пат за печатење, потенцираат тие.

Во соопштението се додава дека власта е неспособна да го менаџира образованието, од ден во ден се повеќе тоне. Потребни се промени. Потребни се избори.

Слични објави