За владејачката партија изгледа дека поважно од победата на локалните избори е што ќе се случува во опозициската СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение побара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче, затоа што партијата доживеала пораз во Струмица.
„СДС на овие локални избори доживеа историски дебакл. СДС во главниот град отиде до таму да не може да влезе ниту во втор круг. Во главниот град Скопје се дури четврти, пред нив трети се дури и ‘Вреди’.
СДС предводена од Венко Филипче го изгуби во прв круг и бастионот Струмица. Граѓаните и во бастионот на СДС јасно им кажаа не за нивните политики.