На седница на Владата денеска ќе биде предложено решение со кое ќе се овозможи замената на возачките и сообраќајните дозволи да биде бесплатна до крај на годината, најави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.
На новинарско прашање Ковачевски рече дека досега се сменети над 1,2 милиони патни исправи и над 550 илјади сообраќајни и возачки дозволи, објаснувајќи дека на досегашната бројка на изаддени документи влијаела двегодишната пандемија со мерки за дистанца која ги нарушила каналите на снабдување и производствени процеси во фабриките за документациите.
Сега се отвора прапање што со тие кои платиле досега, дали ќе им бидат вратени парите или ќе треба да ја тужат државата.
Македонските граѓани досега потрошија пет милиони евра за вадење лични карти.