Феенорд е новиот холандски фудбалски шампион, откако на две кола пред крајот, има недостижна предност од 11 бода, пред конкурентите за врвот, и тоа го потврди со денешната победа од 3-0 над Го Ахед Иглс . Во првите 20 минути, Феенорд поведе со два рани гола и потоа ја имаше контрола на резултатот до крајот.
Иако ПСВ Ајндховен има еден натпревар помалку, Феенорд има 79 бода од 32 натпревари, за разлика од ПСВ кој има 68 бода од 31 натпревар, сепак повеќе немаа ни теоретски шанси да ги достигнат новите шампиони.
Големата прослава започна буквално со последниот судиски свиреж, а титулата е прва за Феенорд од 2017-та година.